речник контакт

Нова сообраќајка, пешак удрен на пешачки. До кога?

Овој пат се случила на пешачкиот кај Стар мост. Пешакот со тешки повреди во Болница.Ова е уште една во низата сообраќајка, каде претежно повозрасни лица страдаат на пешачки премини

Петар Печков

Нова сообраќајка во која настрада пешак, на пешачки. Овој пат се случи во неделата вечер  кај преминот на Стар Мост. Полицијата информираше дека 63 годишен велешанец  е тешко повреден додека ја минувал улицата на  обележан пешачки премин. 

На него удрил автомобил Форд Фиеста управуван  од  В. А.  (23 год). Сообраќајката се случила во  неделата вечер 21 часот на улицата 8-ми Септември, во близина на Стар мост. Од Општата Болница во Велес велат дека имаат згрижено тешко повредено лице, со скршеница на ногата и тој е во стабилна состојба. 

Сведоците објаснуваат дека  пешакот минел на обележаниот премин, кога  на него директно удрил автомобилот. СВР Велес ќе ги испитува причините  поради кој возачот удрил во пешакот.

Ова е уште една во низата сообраќајка, каде претежно повозрасни лица страдаат на пешачки премини.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »